Марин Ле Пен / Фото: EPA-EFE/THOMAS SAMSON / POOL MAXPPP OUT

Марин Ле Пен нема да учествува на изборите во 2027 година, францускиот суд ја потврди забраната

Француската крајнодесничарка Марин Ле Пен не успеа во обидот да ја поништи одлуката да биде исклучена од избори, пишува Франс24.

Државниот совет, највисокиот управен суд во Франција, ја одби жалбата на пратеничката и лидерка на партијата Национален собир. Судиите истакнаа дека прописите што се во прашање можат да се изменат единствено со промена на законот.

Ле Пен претходно во април беше осудена за злоупотреба на средства од Европската унија. Најконтроверзниот дел од пресудата е петгодишната забрана за учество на избори, која стапи во сила веднаш, за разлика од делумно условната затворска казна. Таа поднела посебна жалба против самата пресуда.

Следните претседателски избори, на кои Ле Пен планираше да се кандидира, се закажани за 2027 година. Сепак, поради тековната политичка криза во Франција, постои можност за предвремени парламентарни избори, на кои исто така ѝ е забрането да учествува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот