Марија Павловска со делото „Госпоѓа и Госпоѓица Х“ учествува на 13. Биенале во Фиренца

Врз основа на интернационалната активност на полето на ликовното, македонската уметница Марија Павловска со делото „Госпоѓа и Госпоѓица Х“ e селектирана за учество на престижното 13. Биенале во Фиренца, што ќе се одржи од 23 до 31 октомври 2021 година. Тема на биеналето е „Вечна феминина / вечна промена“.

Проектот на Павловска е изработен во последните две години (2019-2021) и содржи инсталација (полиптих – серија цртежи) поткрепен со видеоматеријал.

Претставувањето на проектот на Биеналето во Фиренца е поддржано од Уметничкиот центар, Музеј МАНА Контемпорари / Монира Фондација – САД.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 102, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 23-24 октомври 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот