Маричиќ-Вархеји: Членството во ЕУ е на дофат и треба да го искористиме позитивниот политички моментум

Фото: Фејсбук, Бојан Маричиќ

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји. Како што соопшти Маричиќ, тие разговарале за домашните актуелни политички настани, текот на скрининг процесот и очекувањата пред објавувањето на Извештајот за напредокот за 2023 година.

Со новиот план на ЕУ за забрзана интеграција на Западен Балкан пораката е јасна дека регионот мора да се подготви побрзо за членство во ЕУ и со конкретни чекори суштински да се придвижува кон целосна интеграција во Унијата. Членството во ЕУ е на дофат и треба да го искористиме позитивниот политички моментум. Ова е шанса која не знаеме кога и дали воопшто ќе ја имаме повторно – пишува Маричиќ на неговиот Фејсбук профил.

Тој додава дека новиот Извештај за напредокот на земјата ќе ги постави многу повисоко целите и насоките за подобрување на резултатите во сите области.

Вицепремиерот за европски прашања во Брисел учествува на форумот „Глобална порта“, а предвидено е да се сретне и со еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан и со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија (ДГ НЕАР), Герт Јан.Копман.

Дополнително, тој треба одржи и брифинг со Работната група за проширување и земји кои преговараат за пристапување во ЕУ (КОЕЛА), како и да има работен состанок со в.д. директорката за Западен Балкан во ДГ НЕАР, Микела Матуела, на кој тема на разговор ќе биде текот на скрининг процесот и подготовката на стратешките документи – Патокази, кои се наша обврска за отворање на Кластерот 1 – „Фундаментални вредности“.

Како што најави Секретаријат за европски прашања, во фокус на средбите ќе бидат прашања поврзани со европската агенда на Северна Македонија и перспективата на евроинтегративниот процес, со сите тековни и идни предизвици на тој пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот