Маричиќ: За кило кокаин се загрози акцијата за која навистина требаше да се најдат 1.3 тони

Ова е тажна слика за начинот на кој ВМРО и нивните кадри ги водат институциите последните неколку недели, каде за жал во трка по екслузивни информации и овие лажни тези дека нивниот технички минситер се бори против кримнилаот и корупција, се доведе во опасност една сериозна акеција за борба против дрогата во меѓународен канал, порача вечерва во емисијата „Патот кон” на Алсат, секретарот за меѓунардона соработка на СДСМ Бојан Маричиќ.

-Акцијата се работи од пред година дена додека Спасовски беше министер. За кило кокаин се загрози акцијата за која навистина требаше да се најдат 1.3 тони, тажна е сликата да видите дека по доаѓањето на Чулев во МВР има масовен проблем и за вадење на лични документи, лични карти и пасоши. Жалосно е партиските игри во министерствата како со Наќе Чулев така и со Рашела Мизрахи што се тераат лични и партиски агенди и се крши Уставот од страна на овие функционери кои го доведуваат во прашање работењето на овие институции се со цел изборите. Техничката влада и тие министри се таму за реализирање фер и демократски избори а не да се докажуваат дека се многу добри и да покажуваат нови политики. Во таа трка се прават вакви грешки и допрва ќе гледаме вакви грешки од министрите на ВМРО-ДПМНЕ- вели Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот