Манекенката Џиџи Хадид: Бев бремена и додека чекорев по модните писти!

Foto: AP / Evan Agostini

Веста дека 25-годишната манекенка го чека првото дете со пејачот Зејн Малик, се прошири не многу долго после модните недели во Њујорк, Лондон, Милано и Париз. Џиџи чекореше на ревиите за најпознатите дизајнери во светот, а дури сега откри дека тоа го правела додека била бремена. Во разговор со уметникот за шминка од Мејбелин, Ерин Парсонс, 25-годишната Џиџи Хадид открила дека на неодамна одржаната модна недела таа веќе била бремена, но и тоа дека бременоста веќе влијаела на нејзиниот изглед.

„Луѓето беа убедени дека имав ставено филери на лицето и дека поради таа причина моето лице е поокругло од вообичаеното, но таква сум уште од раѓање, а дополнително се зголеми за време на Модната недела бидејќи бев бремена веќе неколку месеци“, објасни ѕвездата.

Ниту бременоста не влијаела на нејзиниот полн распоред, а сите однапред договорени работи ги направила без никакви замерки. На прашањето за тоа дали мисли дека нејзиното лице дополнително ќе се менува за време на бременоста заедно со нејзиното тело, Џиџи одговори:

„Можеби. Не размислувам за тоа и воопшто не се грижам. Среќна сум со природниот изглед и покрај се“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот