Манџукиќ од декември ќе тренира во Манчестер!?

Фото: twitter.com/MilanEye

Според англиските и италијанските медиуми, Манчестер јунајтед веќе долго време го посакува искусниот напаѓач, иако обесштетувањето на италијанскиот шампион се покажуваше досега како превисоко, дури и за богатиот клуб од „Олд Трафорд“.

Последните информации велат дека Хрватот веќе во декември треба да допатува во Манчестер, со цел да тренира со новите соиграчи и се навикне на животот во клубот.

Од моментот кога во јануари ќе потпише договор, се очекува веднаш да биде во конкуренција за стартните 11 кај менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Во овој момент „црвените ѓаволи“ имаат на располагање само двајца напаѓачи, младиот Маркус Решфорд кој постигна шест голови и францускиот интернационалец Ентони Марсијал со три погодоци.

Нема ниту еден настап сезонава за Јуве во Серија А, а лани во италијанскиот шампионат имаше девет голови во 25 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот