Манчини: Заминувањето е моја лична одлука

Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Италија на помалку од еден месец до натпреварот со Македонија остана без селектор откако Роберто Манчини изненадувачки поднесе оставка.

Манчини на кормилото на италијанската репрезентација седна во мај 2018 година и најголемиот успех го направи со освојувањето на Европското првенство.

За италијанските медиуми Манчини подоцна ја даде и првата изјава по оставката, истакнувајќи дека заминува поради негова лична одлука.

„Заминувањето е моја лична одлука. Благодарен сум на претседателот Гравина и сите членови на федерација за довербата која ја имаа во мене. Исто така ги поздравувам фудбалерите и фановите кои ме поддржуваа изминатите години“, изјави Манчини.

Дел од медиумите пишуваат дека Манчини заминал поради богата понуда да стане селектор на Саудиска Арабија, но засега овие информации не се потврдени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот