Манчини останува селектор на Италија до 2026 година

epa08734653 Italian national soccer team head coach Roberto Mancini during a training session in Gdansk, Poland, 10 October 2020. Italy will face Poland in their UEFA Nations League group stage, league A, group 1 soccer match in Gdansk, Poland on 11 October 2020. EPA-EFE/Adam Warzawa POLAND OUT

Поранешниот тренер на Сампдорија, Интер, Лацио и Манчестер сити е награден со нов договор за одличните игри на репрезентацијата.

Роберто Манчини ја прероди репрезентацијата на Италија, доминираше во квалификациите за ЕП и сега доби награда за одличната работа.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Манчини потпиша нов договор со фудбалската федерација на Италија и ќе остане селектор на „аѕурите“ со крајот на Светското првенство 2026 година.

Поранешниот тренер на Сампдорија, Лацио, Интер и Манчестер сити на клупата на Италија седна 2018 година кога го наследи Луиџи фо Бјаџо потпишувајќи краткорочен договор со опција за автоматско продолжување доколку се пласира на ЕП.
Репрезентацијата на Италија под негово водство ги оствари сите 10 победи во квалификациите и прва обезбеди виза за ЕП.
Згора на тоа, во Федерацијата се задоволни и поради податокот дека Манчини во репрезентацијата промовира неколку млади фудбалери кои треба да бидат носители на играта во следната деценија по што новиот договор беше очекуван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот