Манчевски: Од 15 октомври електронскиот регистар на население

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во интервју за „360 Степени“ најави дека на 15 октомври ќе биде пуштен во употреба електронскиот регистар на население.

„Ова ќе значи дека нема да имаме различни податоци за себе во различни бази, во различни институции. Конечно ги исчистивме различните податоци за нас самите што ги имавме во различни бази на податоци. Ова ќе е основната база на податоци за сите граѓани, електронски регистар на население, преку којшто, со активација на нашиот електронски идентитет, а тоа веќе го имаат, условно кажано, несакајќи направено, сите оние коишто се пријавени за електронска пријава за данок преку УЈП, над 900 илјади граѓани, ќе можеме да остваруваме електронски услуги на сосема законски начин – рече Манчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот