Манчестер сити има ас во ракавот во преговорите за Халанд

Ерлинг Халанд би можел следното лето да се пресели во ПСЖ/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Ерлинг Халанд заедно со Килијан Мбапе се двајцата најбарани фудбалери за кои фудбалските гиганти се очекува да заборават на финансиската криза наредното лето.

Нема ниту еден гигант кој не посакува да дојде до потписот со барем еден од двајцата млади напаѓачи, а еден од клубовите кои сигурно ќе се вклучи во трката е Манчестер сити.

„Граѓаните“ се заинтересирани на лето да го донесат голгетерот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, кој треба да ја добие улогата на прв напаѓач на тимот бидејќи на лето ќе си замине Серхио Агуеро.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, има ас во ракавот во преговорите со германскиот тим и тоа благодарение на Џејдон Санчо, пишува „Билд“.
Според германскиот магазин, кога Сити го продаваше Санчо на Борусија вметна клаузула според која треба да им припаднат 15 проценти од наредниот трансфер на англискиот репрезентативец. Наводно сега „граѓаните“ се подготвени да се откажат од тој процент во замена на предност на купување на Ерлинг Халанд.

Според „Билд“ навивачите на Борусија не би требало да стравуваат бидејќи Халанд ќе остане и наредната година, по што во 2022 година ќе се активира откупната клаузула во вредност од 70 милиони евра, што претставува ситниш за играч од калибарот на Халанд. Но, Манчестер сити ќе се обиде да ја надмудри конкуренцијата и ќе се обиде да се договори уште ова лето искористувајќи го адутот наречен Џејдон Санчо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот