Манчестер јунајтед од две причини не го купи Нејмар

twitter/neymarjr

Нејмар во летото 2017 година после четири сезони ја напушти Барселона и одлучи да потпише за ПСЖ кој го плати неверојатни 222 милиони евра. Но, само две години подоцна Бразилецот покажа желба да се врати во редовите на Барса.

Тој призна дека направи грешка со доаѓањето на ПСЖ, но на крајот клубот од Париз не сака да му излезе во пресрет и да го продаде. Покрај Барселона интерес за Нејмар покажа и Манчестер јунајтед кој преговараше некое време со ПСЖ.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да го доведат Нејмар кого го видоа како лидер на оваа екипа, но на крајот се откажа. Клубот од Олд Трафорд се повлече од преговорите и порачаа дека не сакаат да го купат Бразилецот.

Но, англиските медиуми успеаја да откријат зошто претседалот на Јунајтед, Ед Вудвард, лесно се откажа од Нејмар. Наводно, тој бил свесен дека Бразилецот нема баш примерен начин на живот, и со него во Манчестер би дошле и неговите пријатели.

Исто така, во Јунајтед не беа задоволни од однесувањето на неговиот татко со однесувањето кој се обиде добие повеќе пари отколку што клубот беше подготвен да одвои. На крајот се откажаа од Нејмар, веруваа дека неговото доведување во „Олд Трафорд“ би создале додатни проблеми во Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот