Манасков шампион на Унгарија со Веспрем

фото: Веспрем

Дејан Манасков со Веспрем е шампион на  Унгарија, неговиот тим одигра 27:27 во вториот финалниот дуел против ПИК Сегед.  Пресудна беше убедливата победа на Веспрем од 35:24 во првиот натпревар и тимот на Манасков не ја повторни ланската грешка кога ја загубија титулата од истиот противик.

Во унгарскиот шампионат победникот се одредува преку плејоф, а во финалето одлучува вкупната гол разлика.

Тренерот Давид Дејвис поради убедлиот триумф во првиот натпревар, одлучи да ги одмори Манасков и Гајиќ, несакајќи да ризикува евентуална повреда на своите ракометари пред настапот на фајнал фор турнирот во Келн, идната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот