Силвана Мухиќ - Плевнеш - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Силвана Мухиќ - Плевнеш - Фото Слободен печат - Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Тања Кочовска, Олгица Христовска, сите колеги ја чуваа Деа како бебе, додека јас настапував

Во „Мамавизија“ познатата пејачка Силвана Мучиќ Плевнеш, од популарното дуо „Силви бенд“, се присетува на нејзината бременост, на тоа како ја воспитувала и растела ќерка си. За тоа дека работела до до последниот ден од бременоста, раскажува комични моменти од денот кога се породувала во Германија. Ни открива дека откако се породила, не поминале ни 40 дена, а таа почнала да настапува. Немало кој да ѝ помага, па била принудена малото бебе да го носи со себе на настапи. Колегите, познати естрадни уметници меѓу кои и Тања Кочовска, со која ни покажа доказ фотографија, ја чувале Деа додека Силви била на бината.

 

На почетоците на нивната популарност, кога таа имала околу 27 години, почувствувала силна желба наместо да оди на фестивали, да стане мајка.

-Паметам на мои 26-27 години, кога е и почетокот на нашата кариера и соработката со Димитар Масевски, тогаш имавме многу настапи, концерти, фестивали… Масевски прави планови како да изгледам јас на сцена, а јас им велев „оставете ме, јас сакам да бидам мајка“ – вели Мучиќ Плевнеш.

Забременувањето се случило спонтано – впрочем, таа и не знаела дека е бремена.

-Кумовите ни беа на гости во Охрид. Бевме на плажа, а мене ми доцнеше циклусот и некако не сакав да влегувам во вода. Кумата тогаш ми списка да купиме тест за бременост и ете излезе позитивен, па се честевме со пастрмка – раскажува Силви како дознала за тоа дека е бремена.

Деветте месеци во блажена состојба за неа биле убав и лесен период од животот, сè до породувањето не престанала неуморно да работи и тоа низ цела Македонија, но и надвор.

-Јас се породив во Германија, бевме таму на турнеја, среќа имам и роднини, брат ми е таму со снаа ми, имам и тетка. Пеев до последeн момент. Денот кога дојде породувањето беше многу забавен. Тетка ми беше уверена дека имам лажни болки, но стануваше веќе неиздржливо, па мораше да ме носат во болница. Таман да ме стават на бокс, ја слушнав сестрата како кажа на германски: „Дојде бебето“. А најсмешно беше кога Влатко ми рече: Сики, излезе нешто црно како пастрмка и пак се врати. Јас помислив „леле, охриѓанецот ми направил пастрмка“ – низ смеа се присетува Силви.

Силвана Мухиќ - Плевнеш - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Силвана Мухиќ – Плевнеш – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Со бебе на настапи

Животот со бебе не ѝ се променил премногу. Ќерката Деаделина немала ни еден месец, а Силви веќе почнала да пее.

-Секаде ја носев со мене. Деа е израсната на сцена, по емисии, на настапи, концерти, фестивали, опкружена со колегите кои ми помагаа, Тања Кочовска, Олгица Христовска … сите ја чуваа додека јас бев на бина – вели таа.

Денес, Деаделина е мајка, а Силви е горда на тоа како таа ја воспитала и во каква мајка прераснала нејзината ќерка.

-Бестрашноста ја наследила од мене, многу сум горда како ја воспитува Малика – рече таа.

Силви и Влатко од Силви бенд од неодамна станаа баба и дедо. Нивната ќерка Деаделина ги израдува откако ја роди преслатката Малика. Во емисијата раскажува и за тоа како ја живеат денес оваа прекрасна етапа од животот.

Силвана Мухиќ - Плевнеш - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Силвана Мухиќ – Плевнеш – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Гледајте ја емисијата „Мамавизја“ на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Автор и водител е Александра Вуксановиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот