Малолетник возејќи четирицикл низ ниви во тетовско паднал и се здобил со тешки повреди

Фото: mia.mk

Завчера околу 17 часот и 30 минути во атарот на тетовското село Доброште, во месноста „Орман“, малолетник од ова село, управувајќи четирицикл со тетовски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко, изгубил контрола движејќи се по нивите, паднал и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, додека сопатникот, исто така, малолетник се здобил со телесни повреди.

Увид на местото вчера (18 март) извршила екипа од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот