Малолетник повреден во сообраќајка

Малолетник е повреден вчера во сообраќајка која се случила околу 8 часот на улицата „Призренска-2“ во Скопје. Од МВР велат дека возило „форд мондео“ управувано од Б.С. (57) од Скопје, удрило во малолетен пешак. Во незгодата тешко било повредено детето кое било пренесено и згрижено на болничко лекување во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот