27.8 C
Скопје

Малку се користи можноста за бесплатно ангажирање адвокат

Главниот проблем е недоволната информираност на граѓаните за условите и процедурите, но сепак бележиме зголемен број барања, изјави за „Слободен печат“ Весна Цекова, раководител на Одделението за бесплатна правна помош.

Слаба е кампањата, треба да биде поголема. Голем број граѓани не ни знаат за можноста за бесплатна правна помош. Ние како адвокати не одбиваме такви предмети, секогаш сме раположени за таква соработка, но јас само еден таков случај сум имала досега.

Вака Бети Костовска, овластена адвокатка, ја оценува бесплатната правна помош што им се нуди на најзагрозената категорија граѓани кои навистина не можат да ги платат трошоците на суд. Со буџетот на Министерството за правда обезбедени се пет милиони денари за годинава. На адвокати и адвокатски друштва во 2020 година им се исплатени повеќе од 1,5 милион денари, а на здруженијата 43.500 денари за давање правни совети. Во 2019 година искористени се околу еден милион денари за оваа намена.

Буџетот за бесплатна правна помош граѓаните ретко го користат, е заклучокот и на Министерството за правда. Главниот проблем е недоволната информираност на граѓаните за условите и процедурите.

– За разлика од минатите години, со новиот Закон кој се применува од октомври 2019 година бележиме зголемен број барања. И буџетот повеќе се троши – изјави за „Слободен печат“ Весна Цекова, раководител на Одделението за бесплатна правна помош при Министерството за правда.

Бесплатната правана помош е поделена на два дела – примарна и секундрана правана помош. Примарната опфаќа совети, а секундарната обезбедување бесплатен адвокат за застапување пред судските и други органи. На повеќе од 600 граѓани што се евидентирани и исто толку неевидентираните граѓани во Министерството за правда им се дадени правни совети преку телефон, додека преку 11 овластени здруженија советувале во 900 случаи, информира Цекова.

Според законот за бесплатна правна помош, месечниот приход на барателот кој живее сам не треба да го надминува износот од минимална нето-плата, односно 14.500 денари месечно, а  барaтелот и членовите на семејството да имаат само еден станбен објект или да имаат земјиште не поголемо од 500 метри квадратни во град или 5.000 м2 во рурални средини.

Поврзани вести

Саливан: САД сега имаат „јасни ориентири“ кон Русија

Слободен печат

Што содржи македонскиот предлог до Софија?

Курц: Северна Македонија сработи одлично на патот на евроинтеграциите

Слободен печат

Европската унија со економски санкции против Белорусија

Слободен печат

Вулин: Да им се забрани влез во Србија на оние кои гласаа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница

Катерина Стевовска

ФОТО | Вистинско уживање! Се кандисавме за Охрид, бендисавме и топло препорачуваме: Кај Маја и Душица на домашни специјалитети од кои ќе ви се отворат сите чакри

Јасмина Кантарџиева Димков

Остави Коментар