Мала изложба на црно-бели фотографии и графички дизајн ќе биде поставена во МКЦ

Гордана Каракашевска

Во просторот на бифето во Младинскиот културен центар во Скопје се подготвува поставката на мала изложба на црно-бели фотографии и графички дизајн на авторите Слободан Циклевски и Гордана Каракашевска, насловена „B&W Freestyle photography“.

Изложбата ќе биде поставена од 24 до 27 март 2023 година, кога публиката ќе има можност да ја проследи оваа, по многу нешта, посебна изложба на црно-бели фотографии што оддаваат замрзнат момент и врамена меморија.

Делата овозможуваат да се почувствува магијата на фотографијата, нејзината тишина и магичноста на црно-белата фотографија.

– Животот е во боја, но црно-белото е пореално. Кога фотографирате во црно-бела техника, вие ја фотографирате душата на нештата – истакнуваат авторите на изложбата.

На 27 март, во 19.30 часот, ќе има излагање и проекција на албумот 2022/23 од „B&W Freestyle photography“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот