Мала астро школа: Дали и кога ќе имаме пари?

Втората куќа во Зодијакот го претставува нашиот однос кон материјалните добра и она што го поседуваме, а пред сè односот кон парите. Преку оваа куќа се гледа дали некој ќе биде богат во животот, ќе има менливи приходи или ќе нема пари. Но, парите за кои зборуваме, поврзани со оваа куќа, се пари што личноста ги заработува за себе, преку работата, и затоа, тука не спаѓаат добивките во игрите на среќа или наследството (кои се гледаат преку други куќи).

Втората куќа го покажува нашиот финансиски статус, нашата заработувачка, но и нашата можност да влијаеме врз заработувачката, инвестициите, како и нашата потреба за автомобили, облека, накит и слично. Долговите и финансиските неуспеси, исто така, се „гледаат“ преку оваа куќа.

Освен тоа, преку втората куќа може да си „ја прочитаме“ и нашата потреба за сигурност, а некои аспекти би можеле да ни дадат важни индикации и за посесивноста на поединецот.

Со оваа куќа природно владее знакот Бик и планетата Венера.

Втората куќа е нагласена кога во неа натално борави некоја планета.
Кога наталното Сонце се наоѓа во втората куќа, тогаш станува збор за личност која непосредно своето „јас“ го поврзува со материјалните добра, потреба за брендирани работи, скапи автомобили, голем имот.
Месечината во втора куќа носи променливи материјални средства, но оваа личност секогаш ќе има доволно пари во животот, и покрај можноста за финансиски загуби.
Меркур во оваа куќа носи безброј идеи и одлична информираност како да се заработи, кои најчесто се успешни и му обезбедуваат добар буџет на поединецот.
Венера – покажува дека поединецот ужива во материјалните добра, кои најчесто ги има (и ужива да ги троши), но и дека вложува многу во естетиката.
Марс укажува на храброст и брзина во однос на заработувачката, односно, поединецот е способен многу брзо да заработи, но и брзо да потроши.
Планетата на среќата, Јупитер, која каде и да борави носи среќа, во втората куќа носи можност за огромна заработувачка.
Со Сатурн во втората куќа се поврзува сиромаштијата, но не мора секогаш да биде така, тој обично покажува дека личноста тешко доаѓа до заработувачка.
Но најинтересни се Непун и Плутон во втоарата куќа, кои најмногу ветуваат дека станува збор за „дебела“ заработувачка.

Но, што ако немате натални планети во втората куќа? Тоа не значи дека ќе бидете сиромашни, и не значи дека немате никаков однос кон парите. Тука се транзитните планети кои движејќи се поминуваат низ втората куќа, активирајќи ја.
Каде да ги следите транзитните планети? Бесплатна натална карта може да си направите на популарниот сајт astro.com која дополнително ви омозможува и да ги следите транзитните планети во вашиот хороскоп. Па, повелете, забавувајте се, проверете кога ќе се активира вашата втора куќа и со која транзитна планета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот