Макрон објаснува што значи „Европската геополитичка заедница“ која ја предлага

Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европската политичка заедница што тој ја предложи на почетокот на месецов претставува надополнување, а не алтернатива на процесот на пристапување во ЕУ, јави дописникот на МИА.

Пред една недела, Макрон рече дека оваа заедница „ќе им овозможи на демократските европски нации кои се придржуваат до нашите основни вредности да најдат нов простор за политичка соработка, безбедност, соработка во енергетиката, транспортот, инвестициите во инфраструктурата, движењето на луѓето, особено на нашата младина“.

Денеска, говорејќи пред Елисејската палата при пречекот на претседателката на Молдавија, Маја Санду, францускиот претседател потсети дека овој нов формат има за цел „да создаде нова рамка за структурирање на соработката, здружувајќи ги демократските европски нации кои се придржуваат до нашата база на вредности и кои се стремат кон или да не влезе во Европската унија“.

„Оваа заедница не е алтернатива на пристапниот процес, туку надополнување кое, независно од него, овозможува посилно структурирање на политичкиот, енергетскиот и инвестицискиот однос со неколку земји кои тоа го посакуваат“, рече тој.

Макрон го претстави овој проект на 9 мај пред Европскиот парламент во Стразбур во екот на дебатата за започнување на процесот на пристапување на Украина, во војна против Русија. Тој објасни дека ќе бидат потребни децении за Украина да се приклучи на ЕУ и предложи во меѓувреме таа да биде дел од „Европската политичка заедница” која може да ја вклучи и Велика Британија, која ја напушти ЕУ во 2020 година или Молдавија.

Овој проект, за кој мора да се дискутира на европскиот самит на крајот на јуни, беше критикуван од некои лидери, како што е литванскиот претседател Гитанас Науседа, според кого тој го одразува недостатокот на волја за брзо интегрирање на Украина во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот