Макрон: Договорот со Велика Британија за Брегзит е финализиран

фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека договорот со Велика Британија за излегување од Европска унија е финализиран и оти потенцијално би можел да биде договорен утре на самитот на Европскиот совет.

– Сакам да верувам дека договорот е финализиран и дека ќе го поддржиме утре – изјави Макрон на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел.

Претходно, неименуван претставник на ЕУ изјави дека е во голема мера е подготвен привремен технички договор за Брегзит.

Тој истакна дека се договорени еднакви услови и царини, како и согласност од Парламентот на Северна Ирска на секои четири години. Но, за сето тоа да се придвижи потребна е согласност од британската Влада.

Претходно, портпаролот на британскиот премиер изјави дека Борис Џонсон пред министрите изјавил дека постои можност за постигнување договор за нов договор за брегзит со ЕУ, но оти се уште не е постигнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот