Македонското таеквондо го живее својот златен период, федерацијата ќе се потруди тој да потрае

Одржан заеднички тренинг со врвна класа спортисти и идните потенцијали на македонското таеквондо/Фото: Македонска Tаеквондо Федерација

Таеквондото носи врвни резултати во Македонија, сите посакуваме тој тренд да продолжи и во следниот период.

Македонското таеквондо го живее својот златен период, а од Македонската Таеквондо Федерација велат дека ќе се потрудат тој да потрае.

Одржан е заеднички тренинг со врвна класа спортисти и идните потенцијали на македонското таеквондо.

– Одговорноста за добиените награди за најдобра федерација, најдобар тренер и најдобар спортист во Македонија за 2021 година, се посебен мотив за нови врвни успеси и исклучително квалитетно развивање и проширување на олимпискиот спорт Таеквондо во Македонија – пренесуваат од федерацијата.

Овој месец најголем дел од нашите најдобри репрезентативци предводени од олимпискиот вицешмпион Дејан Георгиевски беа на врвен олимписки тренинг камп во Врњачка Бања, Србија.

Тоа беше едно одлично тренинг искуство помеѓу најдобрите борци на планетата, овој тренинг камп беше организиран од страна на таеквондо клуб „Галеб“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот