Македонските најдобри кадети во пинг понг на меѓународен турнир во Хрватска

фото: Macedonian Table Tennis Association MTTA

Од 26 до 30 април во Осиек, Хрватска се одржува турнирот Europеan Youth Series кој е прв од овој вид, а е организиран од Европската пингпонгарска федерација заедно со Хрватската пингпонгарска федерација.

На турнирот се играат следните категории: мешани тимови до 13 и до 15 години, машки и женски поединечно до 13 и 15 години и машки и женски двојки до 13 и до 15 години.

Настапуваат околу 100 играчи од 15 земји од Европа меѓу кои се и македонските репрезентативци до 15 години: Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, Фани Јовановска од ППК Крушево, Матеја Смолиќ од ППК Рисови и Андреј Стојановски од ППК Крива Паланка, предводени од селекторот Сашко Богатинов.

Како главен судија на турнирот е и Ангелина Иванова од Македонската пингпонгарска федерација, која ја доби довербата од ЕТТУ да го води овој турнир.

Нашите репрезентативци не ја поминаа групната фаза и не се пласираа на главниот костур, но покажаа добри резултати и играа тесни натпревари кои ги загубија со многу мала разлика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот