Македонските футсалци одиграа реми со Србија

фото: ФФМ

Денеска македонската футсал репрезентација денеска во натпреварот од третиот круг од квалификациите за Европското првенство ремизираше со селекцијата на Србија (1:1).

Головите на теренот во Врање беа реализирани во првото полувреме, домаќините поведоа со погодокот на Пршиќ (03:30 мин.) „Црвено-жолтите“ дојдоа до второто реми во овие квалификации благодарение на голот на Крстевски (09:47 мин.). Голема заслуга за ремито имаше и нашиот голман Петровски кој одбрани голем број на удари од страна на ривалите.

Статистички Србите доминираа од аспект на обидите за реализација, ги имаа вкупно 33, од нив 13 во рамките на нашиот гол. Нашите футсалци имаа само четири обиди, три во рамките на противничкиот гол.

Три дена подоцна во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје ќе се одигра возвратниот дуел помеѓу овие две репрезентации.

Потсетување дека во воведните два меча избраниците на селекторот Васко Скендеровски загубија со 2:1 од Босна и Херцеговина на гостински терен, а дома одиграа нерешено со Романија (2:2).

На табелата во квалификациската група „4“ после три кола води Босна и Херцеговина со девет бодови која веќе слави пласман на континенталниот собир, а по два бодови имаат Романија, Македонија и Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот