Македонски басни: „Беседа на фауните“ на Ристо Давчевски

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје го објави третиот том од досега непубликуваните басни на македонскиот писател Ристо Давчевски (1935-2009), како дел од триесетлогијата во десет тома со заеднички наслов „Беседа на фауните“. Третиот том содржи три книги со близу триста негови басни за млади и за возрасни: „Лагата не умира“, „Луда басна“ и „Сто и еден пријател“.

Авторскиот проект на Ристо Давчевски, кој е оригинален и единствен, содржи 30 книги со 3000 басни распоредени во 10 тома, а досега беа објавени два тома (2011 и 2014 година). Десеттомната серија претставува исклучително богатство не само за македонската литература, туку и за светската: досега ниеден автор на басни во светот не оставил зад себе толку обемен опус на басни.

Најпознатите – Лафонтен има 12 книги и Езоп 600 басни, а Ристо Давчевски за време на својот 60-годишен творечки период напишал 6.000 басни, од кои повеќето од половината не се објавени. Проектот на Давчевски „Беседа на фауните“ е создаван дваесетина години, а оригинален е по тоа што половина од басните се посветени и на возрасните читатели.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 41, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 25-26 јули 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот