Македонската репрезентација ќе учествува на Европското таеквондо ИТФ првенство во Копер

фото: facebook.com/marjancho.lazarevski

Македонскара репрезентација е подготвена за настап на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое ќе се организира од 15 до 22 април 2024 година во Копер, Словенија.

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација предводена од претседателот а Марјанчо Лазаревски ќе учествува на ова првенство благодарение на генералниот спонзор „ПН МЕТАЛ“, Агенцијата за млади и спорт и Општина Охрид.

Македонија во Копер ќе ја претставуваат шест натпреварувачи: Христијана Парулеска, Давид Крстески, Елена Јанеска, Марио Крстески, Софија Колушоска и Владимир Димитриевиќ.

Сите членови на репрезентацијата имаат антидопинг сертификати кои се задолжителни за учество на врвните натпреварувања.

Подготовките кои беа реализирани последните два месеци за настапот во Копер беа под будното око на националниот селектор Сашо Поповски црн појас В дан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот