Македонија без борба во финалето на Лига на нации, Косово пред суспензија?

Медиумите во Приштина јавуваат дека на фудбалската репрезентација на Косово и се заканува исфрлување од сите натпреварувања под капата на ФИФА и на УЕФА во наредните пет години.

Европската и светската фудбалска федерација ја разгледуваат можната казна за косовскиот фудбал поради обидот за смена на претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми како и за мешање на политиката во спортот и во фудбалот.

Доколку дојде до суспензија, Македонија која со Косово треба да игра во полифиналето на плејофот во Лигата на нации, ќе обезбеди директен пласман во финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот