Македонија бара 3.600 дози од спорниот Ремдесивир, еве колку ќе чини тоа

Лекот Ремдесивир останува во широка употреба меѓу земјите кои го порачаа и покрај тоа што новите студии го негираат како успешен во справувањето со ковид-19. Македонија лекот Ремдесивир го набавува преку механизмот на Европската Унија за групна набавка, по основ на потпишаниот рамковен договор за набавката на овој лек.

-Од страна на Република Северна Македонија, доставено е барање за 3600 дози од лекот Ремдесивир, односно за период од 6 месеци. Цената којашто се постигна на тендерот е 345 евра, и оваа цена е иста и идентична за сите земји коишто го потпишаа овој договор. Во механизмот на Европската Унија согласно потребите се одлучува на секоја држава колку ќе се даде, соопштија од Министерството за здравство.

Според пресметките од македонскиот буџет за оваа намена треба да се одвојат 1, 2 милиони евра.

Бугарската влада пред три дена соопшти дека набавуваат 2.500 флакони Ремдесивир, „неопходни за бугарските граѓани” и за тоа ќе одвојат од буџетот ќе одвојат 2,1 милиони лева (милион евра).

Бугарскиот министер за здравство д-р Костадин Ангелов нагласи дека цената за нив е 345 евра без ДДВ, по шишенце. Досега земјата примила 2.837 дози „Ремседивир“ како донација која преку ЕУ е распределена на сите земји членки, а досега употребиле 987 дози.

Сите пациенти во земјата кои имале потреба од овој терапевтски третман се задоволени, нагласи Ангелов и додаде дека земјата ќе продолжи со лекување на болните од ковид-19 на овој начин.

Владата на соседна Србија вчера донесе одлука за набавка на ремдесивир кој од понеделник ќе биде дистрибуиран во болниците. И тие не прецизираа колку дози ќе набават.

Претходно и Република Српска најави дека ќе земат 1.100 дози ремдесивир и за тоа ќе платат 750.000 евра, што значи дека тие една доза ќе платат по цена од 682 евра, што е речиси двојно од цената која ќе ја платат другите земји преку програмата на ЕУ.

Лекот во САД е најскап и чини 3.120 американски долари за лекување на пациенти со приватно осигурување. На мнозинство пациенти им се потребни 6 дози ремдесивир за време на петдневно лекување, што вкупно изнесува 2.340 долари (околу 2.000 евра) по пациент.

Цената на една доза инфузија е 390 долари и тоа за САД и сите развиени земји – освен за приватните осигурувања во САД, кои плаќаат 520 долари по инјекција.

Нова студија на СЗО: Ремдесивир не помага!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот