Мајката на фудбалерот Нејмар се смири со 30 години помладиот љубовник! (ФОТО)
Надин Гонзалвеш, мајка на еден од најдобрите фудбалери на светот Нејмар, ја обвнови врската со 30 години помладиот гејмер Тијаго, објавуваат бразилските медиуми.
Иако го остави пред неколку недели откако беше објавено дека 23-годишното момче било во врска со неколку мажи, дури и со личниот готвач на фудбалерот на Парис Сен Жермен, Мауро, 53-годишната Бразилка одлучи да му даде нова шанса.
Интересно е тоа што кон почетокот на мај во бразилските медиуми се појави приказната дека Тијаго додека бил под дејство на алкохол и му избила љубомората, ја удрил 44-годишната Рита Кумплидо и дека при тој инцидент ѝ го затворил окото.
Таа го тужела после тоа, па се очекува судки епилог на караницата помеѓу љубовниците.
Покрај тој инцидент, Тијаго Рамос наводно се смирил со мајката на Нејмар, а според информациите од Бразил, Надин изнајмила луксузен стан блиску нејзината вила во Сао Пауло, за двајцата да можат да уживаат.
https://www.instagram.com/p/B8MOoSYFsZn/
Потсетуваме дека Нејмар ја благослови нивната врска и покрај големата разлика во годините.