Мајк Пенс се сретна со папата Франциск во Ватикан – „Ова е за мојата мајка“

Фото: EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Пенс имал строго ирско католичко воспитување, но подоцна преминал во протестантизам, додека остатокот на неговото семејство останало во Римокатоличката црква.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, денес се пошегува дека папата Франциск го направил херој за време на необично долгиот состанок кои двајцата го остварија во Ватикан.

Од „Ројтерс“ потсетуваат дека Пенс имал строго ирско католичко воспитување, но подоцна преминал во протестантизам, додека остатокот на неговото семејство останало во Римокатоличката црква.

Инаку, разговорот на Пенс со папата Франциск во папската библиотека траел речиси еден час, двојно подолго од состаноците на папата со американскиот претседател Доналд Трамп во мај 2017 година.

– Сакам да изразам најтопли поздрави во името на претседателот Доналд Трамп, кој толку многу уживаше кога ве посети – му рече Пенс на Франциск, пред новинарите и фотографите да излезат од собата.

По приватниот разговор, Пенс го запозна Франциск со својата сопруга Карен и остатокот на делегацијата, вклучувајќи ја и американската амбасадорка во Ватикан, Калиста Гингрич и нејзиниот сопруг Њут Гингрич.

За време на размената на подароците, папата Франциск на Пенс му дал мала бела кутија во која имало медал.

„Не сакам ни да прашам“, рече насмевнатиот Пенс кога папата му ја подаде кутијата и додаде: „Ова е за мојата мајка“.

Додека ја напушташе папската библиотека, Пенс додаде: „Благодарам, ме направивте херој…Бог да ве благослови“.

Папата Франциск на Пенс му даде и некои од неговите неодамнешни списи, вклучувајќи ја и пораката по повод на Светскиот ден на мирот оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот