М-НАВ: Безбедноста на авиосообраќајот не е доведена во опасност

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

М-НАВ ја известува целата јавност дека безбедноста на авиосообраќајот не е доведена во опасност во ниту еден момент, поради фактот што до сега нема ниту една пријава за дефект на светлосната сигнализација ” ПАПИ ” на аеродромот во Скопје од страна на пилоти, но и од страна на ТАВ во чија надлежност е набавката и одржувањето на горенаведената опрема.

Информацијата дека во нашето Друштво во изминатите неколку месеци се отпуштени голем број на вработени кои биле пред пензија ја отфрламе во целост како неточна, соопшти М-НАВ АД Скопје.

-Во однос на финасиската состојба на нашето Друштво би сакале да ја информираме јавноста дека Управниот Одбор на М-НАВ А.Д има донесено пакет економски мерки во насока на одржување на ликвидноста, соопштуваат од таму.

– Сите човечки и технички ресурси во М-НАВ АД Скопје работат со максимален капацитет и најпрофесионално ги извршуваат сите оперативни работни задачи, при што критериумите за обезбедување на потребното ниво на безбедност и ефикасност во услугите за воздухопловна навигација континуирано се одржуваат на највисоко ниво, се вели со соопштението на М-НАВ испратено во форма на демант за написи објавени во некои од македонските медиуми без да се контактира компанијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот