Лукашенко: Нема да работам како претседател според новиот устав

Александар Лукашенко / Фото: EPA-EFE/ANDREI STASEVICH

Белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека ќе се повлече од функцијата претседател по усвојувањето на новиот устав, пренесува белоруската агенција „Белта“.

– Нема да работам со вас како претседател според новиот устав, рече Лукашенко иако не прецизирајќи кога ќе дојде тој ден, но ја нагласи потребата за измени во уставот и прилагодување на претседателските овластувања, пренесува Ројтерс.

Тој изјави дека никогаш не би дозволил при „усвојување на новиот устав, некој да зборува за тоа дека изборите се наместени“.

– Не носам никаков устав за себеси. Нема да работам како претседател со новиот устав. Затоа смирете се, мирно поднесете го тоа, рече Лукашенко, а пренесе белоруската агенција.

Неговите противници тврдат дека изборите беа наместени, а Лукашенко ги отфрла тие обвинувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот