Лукашенко најави модернизација на армијата поради случувањата во Украина

Фото: EPA-EFE/NIKOLAI PETROV / POOL

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска најави модернизација на вооружените сили на таа земја поради случувањата во Украина.

Тој на состанокот во Министерството за одбрана за обезбедување воена безбедност истакна дека по настаните во Украина се изменети принципите за модернизација на белоруската армија.

Лукашенко објасни дека во Белорусија учат лекции во врска со развојот и опремувањето на нивните војници врз основа на искуството од „спроведување на руска воена специјална операција во Украина”.

Белорускиот претседател оцени дека Минск ќе се соочи со „притисок без преседан”.

Тој посочи дека вежбите на НАТО во близина на границите на Белорусија може да доведат до можни воени операции во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот