Лука Дончиќ со најмоќната партија во НБА! (ВИДЕО)

twitter/Dallas Mavericks

Лука Дончиќ за 34 минути игра на паркетот реализираше 41 поен (14/24 од поле), забележа 12 скокови и 11 асистенции. Кошаркарите на Денвер на домашен терен беа подобри од Портланд со 114:99, а добра партија имаше српскиот центар Никола Јокиќ.

Јокиќ постигна 20 поени (7/14 од поле), имаше 11 скокови и запиша шест асистенции, а ист учинок имаше и Џереми Грент (пет скокови).

Во редовите на Блејзерси не помогнаа ниту одличните перформанси на Хасан Вајтсајт со 33 поени (15/21 од поле) и 11 скокови да се избегне 16 пораз од стартот на сезоната.

На Кармело Ентони само еден скок му недостасуваше за „дабл-дабл“, откако уфрли 20 поени.

НБА, резултати –

Бостон – Филаделфија 109:115

Сан Антонио – Кливленд 109:117, 103:103 (по 1 прод.)

Детроит – Далас 111:122

Денвер – Портланд 114:99

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА:

1.Лос Анџелес Лејкерс 22-3
2.Лос Анџелес Клиперс 19-7
3.Далас Маверикс 17-7

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА:

1.Милвоки Бакс 22-3
2.Мајами Хит 18-6
3.Филаделфија Сикерс 19-7

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот