Луизијана го очекува ураганот Бери (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеПланета

Луизијана го очекува ураганот Бери (ВИДЕО)

Како што е наведено, ударите од ветерот се се посилни и сега се над 100 километри на час, а се очекува дека ќе бидат уште посилни.

Американскиот национален центар за урагани соопшти денеска дека тропската бура Бери се зајакнува додека се приближува кон крајбрежјето на Луизијана, а се очекува да се создаде ураган кога ќе допре до тлото во сабота.

Како што е наведено, ударите од ветерот се се посилни и сега се над 100 километри на час, а се очекува дека ќе бидат уште посилни. Бурата бавно се движи, но предупредување на невреме било издадено кај езерото Пончетрејн, како и за Билокси и Мисисипи.

Во Лузијана е прогласена вонредна состојба, а долж целиот нејзин брег на сила е предупредување од ураган.

Бери се приближува и во Њу Орлеанс чии жители претходните денови веќе се соочиле со поплави. Овој град, кој во 2005 година го погоди ураганот Катрин, се подготвува за обилни врнежи, а бурата вечерва или утре изутрина може да се претвори во ураган од прва категорија пред да стигне до крајбрежјето на Луизијана.

Прогласувајќи на вонредна состојба Трамп ги повика жителите од згрозените подрачја да ги следат упатствата на сојузните и локалните власти.

„Ве молам да бидете во приправност, внимателни и на безбедно“, напишал тој на Твитер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close