ЛУДИЛО ВО МЕЛБУРН: Новак се појави пред стадионот, фановите во делириум (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ по осми пат во кариерата триумфира на Австралија Опен откако во финалето по речиси четири часа игра со 3:2 во сетови го победи Доминик Тим.

Српскиот тенисер со триумфот во Мелбурн се врати на првото место на АТП ранг листата, а дојде и до бројката од 17 грен слем титули, со што им се приближи на двајцата најдобри по бројот на титули, Рафаел Надал кој има 19 и Рожер Федерер кој има 20 грен слем трофеи.

Ѓоковиќ по излегувањето од стадионот беше пречекан од неколку стотици фанови кои чекаа да го поздрават кралот на Мелбурн, а воедно и да добијат автограм или заедничка фотографија, додека неговите најголеми фанови врескаа од возбуда кога го видоа најдобриот тенисер на светот.

 

Погледнете ги најбитните моменти од целото финале тука:

Ѓоковиќ е крал во Мелбурн, осма титула на Австралија Опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот