Ѓоковиќ ги загуби нервите: Браво стари, стана славен (ВИДЕО)

twitter/ATP Tour

Новак Ѓоковиќ влезе во вербална расправија со главниот судија во финалето на Австралија Опен.

Бранителот на трофејот во вториот сет при 4:5 во гемови и 15:30 за Доминик Тим, при свој сервис доби опомена од судијата бидејќи времето за сервис помина.

Веднаш потоа при 15:40, Ѓоковиќ доби уште една опомена, тоа значеше губење на поен, а воедно и губење на гемот и сетот. Потегот на судијата го разгневи Ѓоковиќ.


– Одлична работа стари, посебно при втората одлука. Стана славен – му рече Ѓоковиќ на судијата за време на паузата помеѓу сетовите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот