Љубов преку балкон во време на корона: Тие се Ромео и Јулија на 21 век

Италијанската двојка медиумите ја нарекуваат „модернитe Ромео и Јулија“ затоа што се запознале преку балконот за време на полицискиот час во Верона – a сега ќе се венчаат.

Микеле Д’Алпаос (38) и Паола Ањели (40) веројатно ќе ја паметат 2020 година како можеби и најубавата во нивните животи – пандемијата на коронавирусoт им донесе голема љубов.

Двајцата Италијанци од Верона се запознале на своите балкони за време на строгиот полициски час, а тогаш и ја почнале својата „врска на далечина“ – слична на јунаците на Шекспир, Ромео и Јулија. Сега тие објавија дека ќе стапат во брак.

Паола Ањели е адвокатка, која првпат го здогледала Микеле кога сите масовно излегувале на балконите, секој ден во 18 часот, да се бодрат едни со други за време на мрачната корона-криза што ја погоди Италија.

Ќе се венчаме и веќе го одредивме датумот. Размислуваме да направиме забава на покривот од мојата зграда, тоа би имало смисла, бидејќи се запознавме на терасите – изјавила Паола за „Тајмс“.

За време на карантинот, сестрата на Паола, Лиза, свирела виолина на нејзиниот балкон, песната „We are the champions“ од групата „Квин“, а со неа на терасата секогаш стоела и Паола.

Paola was helping her violinist sister, Lisa Agnelli, (pictured), who was playing Queen's 'We Are The Champions' that day
Лиза, сестрата на Паола која ја свирела песната „We are the Champions“

 

Микеле Д’Алпаос бил фасциниран од неа, па успеал да ја најде на Инстаграм и да ѝ испрати порака. Тие се допишувале секој ден до доцна во ноќта.

Не можеле да се сретнат лично поради ограничувањата среде пандемијата, па нивната љубов почнала со СМС-пораки.

Приказната за овој пар стана вирална кога Микеле закачил платно на својата зграда, на која било испишано името на неговата љубов Паола.

Конечно се сретнале „лице в лице“ во мај, во еден парк во Верона. Поголемиот дел од својот живот го живееле сами, во зградите што стоеле една наспроти друга, но никогаш не се сретнале сè до пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот