Љубов која ги издржа сите искушенија: Меган Маркл и принцот Хари ја прославија втората годишнина од бракот

Поминаа две години од бајковитата венчавка на Меган Маркл и принцот Хари. Парот го кажа судбоносното „да“ во капелата „Сент Џорџ“ во дворецот Виндзор, најстариот и најголем населен дворец на светот.

EPA-EFE/NEIL HALL / POOL
EPA-EFE/LIONEL HAHN / POOL

Од гламурозната венчавка до денес Меган и Хари поминаа низ бројни искушенија, осуди на јавноста и кавги во кралското семејство, а како кулминација на сè го напуштија својот дом во Лондон и започнаа живот далеку од сите, заедно со нивниот син Арчи.

Својата прва годишнина ја обележија со видео на тогаш официјалниот инстаграм-профил Сасекс ројал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on

На најсреќниот ден од својот живот, Меган носеше две венчаници. За црковната церемонија блескаше во венчаница од Клер Вејт Келер.

profimedia

За вечерната свадбена свеченост војвотката се пресоблече во елегантна венчаница која го носи потписот на Стела Мекартни.

Profimedia

Да се потсетиме на некои од фотографиите од венчавката на Хари и Меган:

Profimedia
EPA-EFE/NEIL HALL / POOL
EPA-EFE/STEPHEN CHUNG / POOL
EPA-EFE/NEIL HALL / POOL
EPA-EFE/NEIL HALL / POOL
EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот