ЛШ: Вардар играше „топло-ладно“ во Норвешка, на крајот освои бод

„Црвено-црните“ имаа доста осцилации во играта против тимот на Елверум/Фото: facebook.com/rkvardar

Во еден неизвесен натпревар, Вардар и Елверум одиграа со нерешен резултат (27:27) на стартот од новата сезона во Лигата на Шампионите.

Норвешката екипа подобро го отвори натпреварот, со два гола во серија, додека „црвено-црните“ промашија дури три зицери на стартот од натпреварот, еден беше на Диало и два на Тото, за првиот гол да го постигнеме после шест минути игра преку Гаџа. Како одминуваше првото полувреме го фативме потребниот ритам на игра. На голот одличен беше Мартин Томовски кој во во првиот дел имаше осум одбрани, од кои половина беа сигурно зицер удари на противникот.

За прва предност се погрижи Анте Гаџа во 11 минута кога резултатот гласеше 3:4. Влеговме во период од седум минути кога се играше гол за гол на двете страни. Деби во дресот на Вардар имаа браќата Њокас, од кои едниот посебно се истакна во првото полувреме. Некаде на средина на од првиот дел Кевин Њокас доби шанса од Вујовиќ да игра во двата правци.

Францускиот интернационалец имаше дури пет асистенции, како и три гола во првите 30 минути од натпреварот, па во 24 минута токму со неговиот погодок Вардар имаше и највисоки 8:12 предност. Но, дозволи за кратко време да се распадне целосно ова водство. Елверум влезе во серија на погодоци, а македонскиот првак до крајот успеа да постигне само еден, наспроти пет гола на противникот, па така на полувреме се замина со резултат 13:13.

Следуваше лош старт на вториот дел за Вардар, домашниот тим влезе во серија од три погодоци и поведе со 16:13. По пет минути игра Вардар дојде до патот до мрежата, со голот на Мораес се намали негативата. Томовски стигна до двоцифрен број на одбранети удари, додека Тото постигна гол за 16:15. Во вториот дел во ритам влезе и Оливие Њокас, кои заедно со Мораес го одржуваат нападот на нашиот претставник, додека по 44 минути игра резултатот е израмнет на 20:20.

Вардар успеа и да поведе, но домаќинот ја врати предноста од еден гол разлика. Томовски во вистинско време се врати на голот и брани зицер на противникот, во моменти кога се одлучува победникот на натпреварот. Оливие Њокас промаши зицер удар, а Елверум враќа во контра за водство од 27:25 на четири минути пред крајот. Вујовиќ побара тај-маут, па се враќа Вардар со головите на Мораес и Стоилов за 27:27. Вардар имаше напад за победа, но не успеа да реализира Гаџа, додека за Елверум останаа пет секунди во нападот, кои не успеаја да ги искористат.

Најефикасни во редовите на Вујовиќ беа Тото со шест голови, еден помалку Моралес, а на спротивната страна по шест погодоци имаа Мате и Хелдал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот