ЛШ, Талески: Се надевам на добар резултат против Мешков Брест! (ВИДЕО)

Фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Актуелниот европски првак Вардар 1961 се подготвува за утрешниот прв натпревар од новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионите против Мешков Брест со почеток од 18.45 часот.

Екипата предводена од тренерот Стевче Алушовски денеска патува за Белорусија, каде во вечерните часови ќе го има тренингот и утре веднаш по завршувањето се враќа во Скопје.

Отпатуваа вкупно 23 члена од тимот, вклучувајќи 17 играчи. Во Скопје останаа Томислав Јагуриновски, Мартин Карапалевски и Давид Гашовски.

– Почнува нова сезона во Лигата на шампионите, играме со позната екипа со која Вардар се соочувала со години во регионалното натпреварување и во европската елита. Се знаеме многу добро со нив, се сретнавме и во минатата година во СЕХА и ЛШ, оваа година ги гледавме на Фајнал-фор турнирот во Задар.

Максимално сме подготвени, малку невообичаено што еве досегашните неколку натпревари ги игравме без публика и тоа за нас е малку чудно. Но, во Брест ќе има навивачи, таму се продаваат карти и тоа за домаќините ќе биде еден голем плус.

Но, Вардар покажа во изминатите години дека нема тежок терен, го дава максимумот и на теренот го покажува својот карактер до последна минута. Се надевам на добар резултат, да се отвори една нова сезона со позитивна атмосфера. Доста се анализираше овој период, и нашата игра и онаа на противниците. Свесни сме што нè чека и што значи да се игра за овој клуб – рече ракометарот на Вардар 1961, Филип Талески.

Вардар дури осми фаворит за освојување на титулата во ЛШ!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот