ЛШ: Манчестер јунајтед за првпат против Аталанта, Барса и Куман без право на грешка

Украинскиот Динамо Киев ќе се обиде да направи изненадување на „Камп Ноу“/Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Фудбалерите на Манчестер јунајтед во рамките од групата „Ф“ се соочуваат со Аталанта на „Олд Трафорд“ од 21.00 часот во натпреварот од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ не блескаат во последно време, а изминатиот викенд нивните навивачи беа разочарани после поразот од Лестер во Премиер лигата, по што веднаш започнаат нови шпекулации за заминување на менаџерот Оле Гунар Солскјер од клупата.

Овој меч против Италијанците за Норвежанецот е важен и триумф сигурно ќе биде добредојден и за него и за клубот. Во текот на вчерашниот ден се појавија информации дека Кристијано Роналдо, играчот на Јунајтед, го предлага Зинедин Зидан како наследник на Солскјер. Интересен е податокот кој вели дека Манчестер јунајтед за првпат во историјата ќе игра против Аталанта.

Барселона предводен од тренерот Роналд Куман во групата „Е“ не смее да си дозволи нов кикс, бидејќи во спротивно би можела да го загрози пласманот во осминафиналето од ЛШ. После две кола има два порази и вечерашната средба на „Камп Ноу“ против украинскиот Динамо Киев е многу важна за каталонската екипа да остане во трката за првите две места.

Лига на шампиони 2021/2022

3. коло, двојки –

Група „Е“

18.45 часот Барселона – Динамо Киев
21.00 часот Бенфика – Баерн Минхен

Табела: Баерн Минхен 6 бодови, Бенфика 4, Динамо Киев 1, Барселона 0.

Група „Ф“

21.00 часот Манчестер јунајтед – Аталанта
21.00 часот Јанг Бојс – Виљареал

Табела: Аталанта 4 бодови, Јанг Бојс 3, Манчестер јунајтед 3, Виљареал 1.

Група „Г“

18.45 часот Салцбург – Волфсбург
21.00 часот Лил – Севиља

Табела: Салцбург 4 бодови, Севиља 2, Волфсбург 2, Лил 1.

Група „Х“

21.00 часот Челси – Малме
21.00 часот Зенит – Јувентус

Табела: Јувентус 6 бодови, Челси 3, Зенит 3, Малме 0.

ВИДЕО: Петарда на Сити, убедлив триумф на Спортинг во Истанбул

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот