ЛШ: Манасков прв стрелец на мечот против Барселона!

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Во еден од најатрактивните натпревари денеска во Лигата на шампионите, Веспрем загуби на домашен терен од Барселона со 34:37 (15:19).

Одлична партија за унгарскиот првак имаше македонското лево репрезентативно крило Дејан Манасков кој се одвои како прв стрелец за домашната екипа со шест голови.

Исто толку имаше и неговиот тимски колега Македа, а за каталонскиот гигант 10 погодоци беа дело на Гомез, три помалку запиша Доленец.

На табелата во групата „Б“ Барса е првопласирана со максимални 18 бодови, на второто место е Веспрем со 13.

Денеска се одиграа уште неколку мечеви во ЛШ: Нант-Целје 28:30, Кил-Мотор Запорожје 34:23 и Мешков Брест-Флензбург 26:28.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот