ЛШ: И унгарскиот Сегед со навивачи ќе го пречека Вардар 1961

Фото: rkvardar.mk

Откако во првото коло од Лигата на шампионите во Белорусија имаше публика на дуелот Мешков Брест-Вардар 1961 истото се очекува да се случи во третото коло на мечот во Унгарија помеѓу Шик Сегед и актуелниот европски шампион.

Потсетување дека натпреварот Вардар 1961-Елверум (2. коло, ЛШ) беше одложен поради рестрикциите од страна на Норвешка поврзани со патувањето на тимот на Елверум во Скопје, и потоа задолжителното задржување во карантин по враќањето во земјата.

Како што најавуваат Унгарците, пуштени се во продажба 927 влезници, од клубот потврдија дека до билет може да дојдат само оние лица кои имаат годишни влезници за минатата сезона.

Воедно за добивање на место на трибините треба да се почитуваат и протоколите за заштита од коронавирусот.

Да додадеме уште дека мечот на Вардарци од шестото коло во „А“ групата од ЕХФ против ПСЖ ќе се игра на 28 октомври (среда) 2020 година во Париз со почеток од 20.45 часот.

Претходно натпреварот беше закажан за еден ден подоцна, на 29 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот