ЕХФ го одложи натпреварот Вардар-Елверум!

фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Европската ракометна федерација одлучи да го одложи натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу Вардар 1961 и Елверум од Норвешка кој требаше да се игра в четврток (24 септември) со почеток од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Македонија се наоѓа во црвената зона на Норвешка, како земја со зголемен број на заболени од коронавирус. Доколу Елверум допатуваше во Скопје, по враќањето ќе мораше да биде 14 дена во карантин.

А тоа ќе значеше дополнителни проблеми за норвешкиот првак кој ќе мораше да ги одложи сите наредни натпревари во тој период.

Воедно, како што известуваат од ЕХФ, ова е однапред дефиниран пристап да не се форсираат натпревари каде што една од двете екипа ќе мора да помине подолг период во карантин.

Ова важи особено за машката ракометна Лига на шампионите каде групната фаза трае до крајот на февруари 2021 година.

ЕХФ останува во постојан контакт со двата клуба и релевантните власти, а во наредниот период се очекува да се објави нов датум на одигрување на натпреварот Вардар 1961-Елверум, како меч од второто коло во групата „А“ во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот