Лососите во Алјаска умираат од срцев удар поради високите температури (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Алјаска ја погодија рекордно високи температури ова лето, жителите во реките почнаа да забележуваат помор на риби, според „Алјаска публик медиум“.

Експертите веруваат дека поради екстремно високите температури на реката Кускоким, лососите веројатно претрпеле срцев удар.

Поточно, лососите не се навикнати на температури над 20 Целзиусови степени.

Во средината на јули, жителите на целиот регион Нортон Саунд пријавиле голем број мртви лососи, кои починале на патот кон мрестилиштето, а истата појава граѓаните ја снимиле овој месец во државниот парк „Кахемак Беј“.

На видеоснимките се гледаат мртви лососи кои пливаат на површината на лагуната, кои исто така биле на пат кон нивните мрестилишта; што значи дека умреле пред да ги положат своите јајца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот