Лога: По примерот на Босна и Херцеговина и ние треба да изградиме затвор според највисоките европски стандарди

Со капацитет за 300 затворници и 50 места за притвор, затворот во Босна и Херцеговина во сараевската населба Илиџа е пример како треба да изгледа затвор кој е изграден според највисоки европски стандарди, вели министерот за правда Кренар Лога, кој на почетокот на септември за време на посетата на Босна и Херцеговина го посетил затворот. Лога истакна дека успешната реализација на Проектот претставува само една од основите за подобрување на целокупната состојба со условите во затворите.

Како што информираат од Министерството за правда, Европската унија издвоила 11 милиони евра за изградба на овој затвор.

Затворот располага со најсовремено опремени простории, спортски терени, работилници, храната се служи во ќелиите а има и посебна просторија за молитви и практикување на релегија. Со изградбата на оваа установа, од Министерството посочија дека се намалила пребукираноста во затворите.

Успешната реализација на Проектот претставува само една од основите за подобрување на целокупната состојба со условите во затворите, третманот и постапувањето со притворените и осудените лица како и постигнување на ресоцијализација на лицата кои издржувале казна затвор – се додава во соопштението.

Министерот за правда Кренар Лога се сретна со вицегувернерот на Банката за развој на Совет на Европа, Томаш Бочек и Арно де Вердиер, кантри менаџер од Банката за развој на Советот на Европа за да преземе мерки и активности за подобрување на состојбата во казнено поправните установи во нашата држава.

Како што соопшти Министерството за правда, Лога бил информиран за Проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија“ кој се спроведува со кредит од Банката за развој на Советот на Европа. Од страна на претставниците на Банката било побарано во најкус можен рок преземање на ефективни мерки за санирање на оштетувањата и штетите настанати во полу отвореното и отвореното одделение во КПУ Идризово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот