Ливерпул не ја заборава најголемата фудбалска трагедија, пред 33 години на „Хилсборо“ загинаа 96 навивачи на „црвените“

Ливерпул ја одбележува годишнината од трагедијата/ фото: EPA/PETER POWELL

Денеска знамињата во Ливерпул ќе бидат спуштени на пол копје, а во 16.06 часот од градското собрание звончињата ќе зазвонат точно 97 пати. Градските власти исто така ги замолија жителите на Ливерпул да застанат на една минута за да им оддадат почит на навивачите на „црвените“ кои пред 33 години загинаа на „Хилсборо“ стадионот во Шефилд.

Градоначалникот на Ливерпул, Мари Расмусен ќе ја предводи церемонијата која ќе се одржи зад градското собраните и која од 11 до 18 часот ќе биде отворена за јавноста за сите жители да можат да им оддадат почит на загинатите навивачи.

Фудбалскиот тим на Ливерпул на клупската телевизија ќе емитува специјална подготвена програма, а играчите и стручниот штаб ќе се приклучи на едноминутното молчење.

– 15 април засекогаш ќе остане тажен и важен ден во нашиот тим, тоа е ден што го обединува целото наше семејство во сеќавање на тоа што се случи. Ливерпул и заедницата се сеќаваат на сите 97 загубени животи и стојат заедно во поддршката и зубовта за нивните семејства. Како жител на Ливерпул, ги повикувам сите граѓани на Ливерпул во 16.06 часот да запрат на една минута, да се помолат и да помислат на сите кои што 33 години не се меѓу нас – соопшти фудбалскиот клуб Ливерпул.

Една од најголемите фудбалски трагедии се случи на денешен ден пред точно 33 година и тоа на натпреварот од полуфиналето на ФА купот помеѓу Ливерпул и Нотингем форест. Човечка грешка, погрешна проценка и огромните пропусти во обезбедувањето и организацијата доведоа до ужасна трагедија, да се сруши трибината на која беа сместени навивачите на Ливерпул по што животот го загубија 96 фанови на „црвените“.


Фудбалската федерација на Англија одреди навивачите на Ливерпул да бидат сместени на „Лепинг Лејн“ трибината на која се влегуваше низ само еден од можните седум влезови на стадионот. Тоа доведе до создавање голема гужва пред влезот поради што шефот на полицијата Дејвид Дакенфилд, нареди да се отвори и тунелот за излез. Тунелот кој долги години беше затворен ги водеше навивачите точно во пренатрупаните делови од трибината со што доведе да се случи трагедијата и 96 лица да го загубат животот.

Последната жртва почина пред неколку години, но тој воопшто не се разбуди од кома и поради тоа англиските власти го сметаат како 97. жртва од трагедијата на „Филсборо“.

Неколку моменти по стартот на натпреварот, оградите не можеа да го издржат преголемиот број на навивачи и почаа да се рушат што доведе до тоа фановите да паѓаат едни врз други. На крајот, трагичниот биланс изнесуваше 96 починати навивачи на Ливерпул.

Полицијата постојано ги обвинуваше навивачите на Ливерпул, но долгогодишниот притисок од јавноста и на упорноста на Ливерпул и неговите фанови донесе на 20-годишнината од трагедијата, англиската Влада да им наложи на полицијата, медицинските интитуции и останатите јавни служби да ги презентираат сите документи во јавноста по што беше отворена нова истрага.


Во септември 2012 година беше донесен конечен заклучок дека навивачите на Ливерпул не се виновни за трагедијата по што Владата и полицијата беа обвинети дека со години ја прикривале вистинската причина за несреќата и лажно ги обвинувале фановите за тоа.

Извештајот од истрагата го натера и тогашниот премиер Дејвид Камерон да им се извини на Ливерпул и неговите навивачи, а истото го сторија и од Фудбалската федерација на Англија и од националниот сервис Би-Би-Си кој постојано го вперуваше прстот во навивачите иако според доказите нивниот директор знаел за пропустите на полицијата и направил сè за да го прикрие тоа.

Исто така е донесен заклучок дека дури 46 лица од вкупно 96 што го загубија животот на „Хилсборо“ можеле да бидат спасени доколку медицинските служби реагирале навремено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот