Ливерпул го има најдобриот млад играч во Премиер лигата (ВИДЕО)

фото: твитер

Десниот бек на Ливерпул ја освои наградата за најдобар млад играч на сезоната 2019/20 во Премиер лигата.

Александер-Арнолд Трент се најде на првото место пред триото на Манчестер јунајтед – Маркус Рашфорд, Ентони Марсијал и Мејсон Гринвуд, како и Мејсон Монт и Кристијан Пулишиќ од Челси, капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш, кои исто така беа номинирани.

Репрезентативецот на Англија (21) беше победникот по комбинацијата на гласови од страна на навивачите и комисијата на фудбалски експерти.

Дефанзивецот на новиот премиерлигашки шампион забележа 13 асистенции и постигна четири гола лани во најсилното англиско првенство.

Само плејмејкерот на Манчестер сити, Кевин Де Брујн, имаше повеќе асистенции (20).

Погледнете го најдобриот гол на сезоната во Премиер лигата! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот