Ливерпул брзо се опорави од дебаклот против Сити

EPA-EFE/Shaun Botterill

Во победата од 2:0 над Астон Вила првиот гол во Премиер лигата го постигна младиот Куртис Џонс.

Во првиот натпревар по убедливиот пораз од Манчестер сити, новиот шампион во Премиер лигата, Ливерпул со 2:0 ја совлада Астон Вила. Менаџерот Јирген Клоп одлучи да го изведе речиси најсилниот тим против екипата која се бори за опстанок.

Гостите од Бирмингем одлично се бранеа во првото полувреме кога дозволија само два шута кон својот гол. Првиот гол беше постигнат во 71. минута преку Садио Мане, а во самиот финиш својот дебитантски гол во Премиер лигата го постигна младиот Куртис Џонс.

Ливерпул на пет кола до крајот има 89 бода, додека Астон Вила се наоѓа на 18. позиција на табелата со 27 бода, еден помалку од Вотфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот