Листа на најскапите европски градови
Женева е најскапиот град во светот, со цени за 6% повисоки отколку во Њујорк, додека во Будимпешта и Варшава ќе ви требаат најмалку пари за основни намирници.
Препорачано
Неделното купување намирници е неизбежен трошок за сите нас, но цените во европските градови драстично варираат. Најновиот „Индекс на намирници“, објавен од Истражувачкиот институт на Дојче Банк, открива каде намирниците се најскапи во Европа – и каде е најзгодно да се наполни кошничката во 2025 година- пишува најскап, град
Врз основа на податоците од платформата Numbeo, индексот ги споредува трошоците за основни намирници како што се млеко, леб, јајца, овошје и месо во градовите низ целиот свет, користејќи го Њујорк како репер во однос на индекс од 100. Индексот не ја зема предвид куповната моќ, што е важно при толкувањето на податоците.
Најскапата швајцарска метропола Женева е најскапиот град во светот кога станува збор за намирници – индексот е 106, што значи дека цените се за 6% повисоки отколку во Њујорк. Веднаш по него следува Цирих со индекс од 103. Ова се единствените два европски града чии цени ги надминуваат американските.
За споредба: кошничка што чини 100 евра во Њујорк чини 106 евра во Женева, пишува Курир.
Иако поевтини од швајцарските градови, Осло, Париз и Луксембург се меѓу најскапите градови за купување во Европа. Од сите, Париз се издвојува – цените се 54% повисоки отколку во Мадрид, 39% повисоки отколку во Рим и 29% повисоки отколку во Берлин.
Повеќето европски метрополи припаѓаат на средната група со индекс помеѓу 58 и 63: Хелсинки, Виена, Копенхаген, Милано, Лондон, Брисел, Единбург, Франкфурт, Даблин, Амстердам, Минхен и Стокхолм.
На дното на листата се Будимпешта и Варшава, со индекс од 37 – што значи дека основните намирници се дури 63% поевтини отколку во Њујорк. По нив следуваат Истанбул (39), Прага (42), Лисабон (44), Атина и Мадрид (46) и Барселона (49), Рим (51), Бирмингем (51) и Берлин (55).
Интересно е што дури и во рамките на истата земја цените значително се разликуваат – на пр. Лондон има индекс од 62, додека во Бирмингем е само 51.
Според податоците од веб-страницата Numbeo од јули 2025 година, вкупната цена за 19 основни артикли е:
Париз: 107,20 евра
Лондон: 89,54 евра
Берлин: 82,10 евра
Рим: 79,60 евра
Мадрид: 72,70 евра
Истражувањето потврдува дека Париз е најскапиот главен град меѓу петте водечки економии во Европа.


